Брачен пар по венчавката во Деир Ал Балах почнал да живее заедно во автомобил

Ибрахим и Нармин Абед, кои беа принудени да ги напуштат своите домови и да се засолнат во училиште на УНРВА, се венчаа во градот Деир Ал Балах во Појасот Газа, и покрај постојаните напади на ова подрачје од страна на Израел, обвинет за геноцид, пренесува Анадолу.

По церемонијата и скромната свадбена прослава, парот се соочил со предизвикот да си обезбеди соодветно сместување, па одлучиле да се сместат во автомобилот на таткото на Ибрахим.

Невестата Нармин откри со какви сѐ предизвици се соочиле кога ја планирале венчавката имајќи предвид во какви околности се наоѓаат.

Таа рече дека венчавката ја планирале за еден месец, но таа е одложена на шест, па потоа на девет месеци, бидејќи немале соодветни услови поради израелските бомбардирања.

Нармин истакна дека сакала голема прослава, но тоа не било можно поради војната и финансиски ограничувања наметнати од нејзе.

„Сакав свадбата да биде голема и елегантна, но се нема пари, таква ние е судбината“, рече Нармин и додаде дека ќе живеат во автомобил бидејќи шаторите чинат многу.

Од почетокот на израелските напади на Појасот Газа на 7 октомври досега се убиени најмалку 29.606 Палестинци, воглавно деца и жени, а ранети се повеќе од 69.737 лица, објавија здравствените власти на палестинската енклава. Се претпоставува дека под урнатините се наоѓаат илјадници мртви.

По обвинението за геноцид што го поднесе Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата на 26 јануари пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убивање, напади и уништување на жителите на Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.

Меѓутоа, израелските сили и понатаму продолжуваат со нападите врз Појасот Газа.

Според податоците на Обединетите нации, 85% од населението на Појасот Газа е интерно раселено и се соочува со акутен недостаток на храна, чиста вода и лекарства, додека околу 60% од инфраструктурата во Појасот Газа е оштетена или уништена.

извор: Анадолу.

фото: Анадолу.