Стигна новиот пресек на собрани потписи за претседателските кандидати. Во изминатите два дена најмногу потписи собрал Бујар Османи, кандидатот кој ќе ја трча претседателската трка на ДУИ, а веднаш зад него е кандидатот на партијата ЗНАМ, Максим Димитриевски со 3.613.
Добро со потписи се држи и професорката Билјана Ванковска Цветановска, која е претседателскиот кандидат на Левица, а бараше од граѓаните да имаат авантуристички дух и да се потпишат за неа.
И додека судот ќе одлучува за партискиот имот на Алијанса на Албаците по расколот во партијата, крилото на Таравари не губи време, па си собира и потписи за претседател. За два дена Таравари си собрал 246 потписи.
Кандидатот од Гром, Стевче Јакимовски е близу 2000 потписи, а пак на професорот Вело Марковски 249 лица му укажале поддршка во однос на собирање на потписи.
За потсетување, за да се влезе во претседателската трка потребни се 10.000 потписи од граѓаните.