Трамп и Бајден: Дедовци во битка за младите избирачи

Ако сѐ остане како што тргнало, претседателската трка во САД во 2024 година ќе биде реприза на 2020: Џозеф Бајден против Доналд Трамп. Тоа значи дека бирачите на 5 ноември 2024 година ќе имаат избор меѓу 78-годишник (Трамп) и 81-годишник (Бајден). Оној од нив двајцата кој ќе биде инаугуриран на 20 јануари 2025 година ќе биде најстариот кој досега положил заклетва за претседател на САД.

Просечна старост на претходните американски претседатели на инаугурацијата била 55 години, според Пју истражувачкиот центар. Без оглед дали ќе победи Бајден или Трамп, претседателот ќе биде или ќе влезе во осумдесетти години додека е на функцијата. Во меѓувреме, средна старост на американската популација е 38,9 години според Бирото за попис на население во САД.

Не е изнанедување што староста стана важен фактор на овие избори годинава.

„Постои објективна загриженост околу староста, тоа е сосема легитимно. Мислам дека за луѓето не треба да се суди само на основа на нивните години. Но, очигледно е дека што е некој постар, поголеми се шансите да има сериозни здравствени проблеми или да умре“, изјави за Дојче веле Лари Сабато, директор на Центарот за политика на Универзитетот Вирџинија.

Претседателот Бајден во повеќе прилики ги помеша имињата на светски лидери и познати личности. Тој исто така изгледа уморно во текот на јавните настапи.

„Луѓето не се загрижени поради годините сами по себе. Но, Бајден едноставно одддава впечаток на старост, спорост, слабост“, вели либералниот колумнист и автор Езра Клајн во својот поткаст.

„Годините на Бајден се проблем“
Млади гласачи во разговор со Дојче веле исто така изразија загриженост поради годините на Бајден.

„Не сум стопроцентно убеден дека било кој од двајцата кандидати може во целост да ја извршува функцијата, но мислам дека Трамп има поголеми шанси. Понекогаш кога го гледам Бајден, чувствувам како тој воопшто да нема поим што се случува“, вели Зак (26) од средниот запад на САД.

„Не се согласувам во целина со политиката на Трамп и затоа годините на Бајден се проблем, зашто спореден со Трамп, тој изгледа многу послаб“, вели Џејмс кој живее во Њујорк.

„За жал, мислам дека Трамп веројатно подобро би ја вршел работата од Бајден. Но, ни едното ни другото не е идеално и Трамп не навестува на добро за САД“, вели 23-годишната жителка на Вашингтон, Ема Ленгел.

Помладите кандидати не успеаја да се пробијат
И Републиканците и Демократите во еден момент имаа помлади кандидати, но никој не можеше да ги замени партиските тешкаши.

Од републиканска страна, и гувернерот на Флорида Рон ДеСантис (45) и бившата гувернерка на Јужна Каролина и амбасадорка на САД во ОН, Ники Хејли (52) во 2023 година дури беа сметани за изгледни кандидати.

Од демократска страна, би било неочекувано било кој да ја оспори кандидатурата на претседателот Бајден. На изборите во 2020 година се бореше со неколку помлади кандидати, вклучувајќи го и министерот за сообраќај Пит Бутиџиџ (42) и segaünata потпретседателка Камала Харис (59). Кога Харис прв пат беше претставена како потпретседателка на Бајден, многумина шпекулираа дека таа би можела да биде следната кандидатка за претседател. Но, Харис не успеа да го изостри својот профил во изминатите четири години.

DW