Арбен Таравари, кандидат за претседател на Македонија на албанските опозициски партии во земјава, ги собра потребните 10.000 потписи за учество во претседателската трка. Тоа го објави попладнево шефот на неговиот изборен штаб, Башким Бакиу кој нагласи дека потписите биле собрани во рок од 24 часа.
Таравари е вториот кандидат за претстојните претседателски избори во Македонија кој собра 10.000 потписи од граѓани. Во тоа вчера успеа и Бујар Османи од ДУИ.