Тешка сообраќајка на патот Кавадарци – Росоман, неколкумина повредени

0
128

Три лица се повредени од кои едно потешко во страшна сообраќајна несреќа која утрово се случила на патот Кавадарци Росоман. Според првичните информации станува збор за две лица во раните дваесетти години и уште едно постаро лице. Станува збор за директен судир но нема информации како дошло до него.
Регионалниот пат Кавадарци-с.Росоман, од 07:00 часот е во целосен прекин поради сообраќајна несреќа, соопшти АМСМ.


ТППЕ Кавадарци излезе на терен со 8 пожарникари, 2 возила за техничка интервенција и 1 амбулантно возило.