Деветте основни училишта во Општина Охрид ќе бидат дел од општествено одговорната и едукативна кампања „Крени глас против врсничкото насилство“ која се реализира со поддршка на компанијата „Макпетрол“.
Ученици, наставници, како и претставници на стручните служби ќе учествуваат во работилници преку кои ќе се споделат знаења и искуства за решавање на проблемите поврзани со врсничкото насилство. За успешна реализација на овие активности „Макпетрол“ и Општина Охрид потпишаа меморандум за соработка.
Заедно со Охрид, досега вкупно 15 општини и нивните училишта се вклучија во оваа кампања.