Врските на СДС со наркомафијата се многу подлабоки отколку што се обидува СДС да избега од одговори.
Веројатно ќе бега и од одговор дали активистот на СДС од Радовиш, директор на меѓуопштински центар за социјални работи, пред 10 дена во Штип не е фатен и приведен од полиција за недозволена трговија со дрога и оружје?
Според полициски билтен на 17 февруари полицијата во Штип го привела 36-годишниот А.Ф., заради дрога и најавува соодветен поднесок, истакна на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Во продолжение истата ја пренесуваме во целост:
Дали зад иницијалите А.Ф. е Александар Филев директорот од СДС на меѓуопштински центар за социјални работи Радовиш?
Дали е тоа Александар Филев од СДС Радовиш, учесник и поддржувач на партиските активности на СДС?
Дали и случајот регистриран во полициски билтен е таква активност?
Фотографиите зад мене, говорат сами за себе.
Почитувани,
СДС ја претвори Македонија во мафијашка територија. СДС со Оливер Спасовски предолго ја ставаа полицијата во служба на мафијата, а Македонија ја претворија во поле за неказнети мафијашки пресметки.
Почитувани,
Никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме и да си ја вратиме државата!
Извор: ВМРО ДПМНЕ