Бајден го помина лекарскиот преглед, способен е да биде претседател

0
144

Американскиот претседател Џозеф Бајден „останува подготвен за должност“, напиша синоќа неговиот лекар откако беше подложен на „годишен претседателски преглед“ додека 81-годишниот шеф на државата бара реизбор.

-Претседателот Бајден е здрав, активен, робустен 81-годишен маж кој останува способен успешно да ги извршува должностите на претседателството, напишал лекарот Кевин О’Конор во меморандумот на шест страници за здравјето на претседателот по прегледот во Националниот воено медицински центар Волтер Рид кој траеше повеќе од два и пол часа.

Во писмото се додава дека Бајден „се чувствува добро и дека овогодинешното испитување не открило нови проблеми“.

Најстариот претседател во американската историја Бајден би наполнил 86 години до крајот на вториот мандат, доколку го добие.

 

 

nezavisen.mk