Одбиена и втората песна што Израел ја достави до одборот на Евровизија

0
120

Додека во Европа продолжуваат повиците да му се забрани на Израел да учествува на Евровизија, одбиена е и втората песна поднесена од администрацијата на Тел Авив за натпреварот бидејќи содржела политичка порака, известува Анадолу.

Според веста што ја објави израелскиот сајт „Унет“ и врз основа на официјални претставници на Министерството за надворешни работи, Европската радиодифузна унија (ЕБУ) ја отфрлила и втората песна што Израел ја доставил за учество на натпреварот.

Песната „Денс форевр“, како и песна „Октобр реин“ што Израел како прва ја достави на конкурсот, упатуваат на нападот на бригадите Изедин ал-Касам, военото крило на Хамас, на 7 октомври.

Во вестите е наведено дека втората песна, како и првата, е одбиена поради нејзината политичка содржина и дека двете песни заедно се пријавени на конкурсот.

Израелските извори што се информирани за ова прашање, во веста велат дека продолжува нивната потрага по решение со ЕБУ, но дека се „песимисти“ околу постигнувањето позитивен резултат.

Од друга страна, во изјавата на израелската државна телевизија КАН, се наведува дека министерот за култура и спорт Мики Зохар побарал од ЕБУ да ја одобри првата песна што Израел ја доставил на конкурсот.

Иако е познато дека земјите што сакаа да учествуваат на Евровизија со песни со политички пораки претходно беа исклучени, се забележува дека ЕБУ ја разгледал песната со која Израел планира да учествува на натпреварот и ќе одлучи за нејзината соодветност.

И покрај тоа, КАН соопшти дека доколку израелската песна што содржи политичка порака биде одбиена од ЕБУ, песната нема да се менува и Израел „нема да учествува на натпреварот“.

Израелскиот претседател Исак Херцог во својата изјава на оваа тема го рече следново: „Важно е Израел да учествува на Евровизија. Важно е да се биде и умен, а не само да имаш право.“

извор: Анадолу.

фото: Анадолу.