Рубин Земон: Изјавувам дека досега не е дадена поддршка на ниту еден кандидат што собира потписи за кандидат за претседател

0
160

Повеќе пријатели денес ми се јавија дека во интервју на градоначалникот на Карпош во ИнфоМакс(Поткаст), рекол дека јас Рубин Земон сум му дал поддршка за неговата кандидатура. Како претседател на ПОЕН, изјавувам дека досега не е дадена поддршка на ниту еден кандидат што собира потписи за кандидат за претседател, како партија.Во наредниот период органите на ПОЕН ќе одлучат дали и на кого ќе се даде поддршка за претседател на Републиката, врз основа на компатибилноста на програмата ма кандидатите со целите и политичката платформа на ПОЕН, напиша на својот ФБ профил претседателот на ПОЕН, Рубин Земон.

извор: ФБ Rubin Zemon