Делови од Азија беа погодени од силно невреме со обилни врнежи. Подножјето на Хималаите, но и поширокото подрачје на северо-источниот и северниот дел на Авганистан, на север и северо-источен Пакистан, северот на Индија и Непал, а исто така и на југозападниот дел на Кина, се под ударот на невремето.
Милиони луѓе беа погодени од невремето, а многумина останаа без струја.
Пониските региони на овие земји беа погодени од обилни дождови и грмотевици, заедно со поплави и порои. На некои локации наврнаа и над 200 милиметри дожд, а врнежите беа придружени со силен ветер. Најкритична е ситуацијата во Кашмир, додека високите планини и подножјето на Хималаите се покриени со снег. Наврна од еден до два метри снег, а некои локации на североистокот на Пакистан и Кашмир се под обилни врнежи од снег со силни грмотевици.
telegraf.rs