Пендаровски: Во рекордно време собрани се 10.000 граѓански потписи за поддршка на мојата кандидатурата за втор мандат

0
167

Претседателот Стево Пендаровски во своја објава на Фејсбук соопшти дека во рекордно време, за неполни пет часа собрани се 10.000 граѓански потписи за поддршка на неговата кандидатурата за втор мандат. Тој воедно изрази благодарност до сите граѓани кои ја искажале нивната поддршка.

„Продолжуваме со собирањето на потписи и во наредните часови и денови“, вели Пендаровски во објавата.