Во експлозија во магацин во Лушња две лица загинаа, а седум се повредени. Загинаа татко и син, а меѓу повредените е и пратеникот од социјалистите Бујар Чела. Експлозијата предизвикала штета и на околните згради, јавуваат албанските медиуми. Експлозијата најверојатно се случила кога камион со кран удрил во далновод. Повредените се пренесени во болница во Тирана.
vesnik-ilinden.com