Уште еден претседателски кандидат денеска почна да собира 10.000 потписи

0
160

Гоце Ристов вчера до ДИК ја доставил својата иницијатива за собирање на потписи. Тој е 14тиот кандидат кој ќе се обиде да стигне до бројката од 10.000. На последниот пресек, заклучно со вчерашниот ден може да се види дека тој нема собрано ниту еден потпис.

Денес, до Државната Изборна комисија е доставена Иницијатива за собирање на потписи за кандидатура за Претседател на Република Македонија, од страна на Гоце Ристов. Потписите ќе се собираат во подрачните одделенија/канцеларии на Државната изборна комисија на цела територија на државата, објави вчера ДИК.

Во претседателската трка веќе влегоа 7 кандидати.

Прв до 10.000 стигна Бујар Османи по што следеше Таравари, Димитриевски, Ванковска, Јакимовски, Силјановска и Пендаровски.

Кандидатите кои стигнаа до 10.000 веќе не организираат собирање на потписи па нивните бројки денеска се речи си идентични како и оние вчера.