Луфтханза повторно ќе штрајкува

„Дојче Луфтханза АГ“ очекува најновиот дводневен штрајк на копнените екипи да го попречи патувањето на повеќе од 200.000 патници, што ќе изврши притисок врз германската авиокомпанија да преговара за договор.

Работничкиот синдикат „Верди“ го повика персоналот на „Луфтханза“ да се прекине со работа во четврток и петок, што следуваше по неуспешните преговори за платите и работните услови.

Од компанијата одговорија дека има подготвеност за преговори, но под услов „Верди“ да го откаже штрајкот.

Екипажот кои работи на копно е меѓу работниците во германската транспортна индустрија кој не беше опфатен во зголемување на платите, а во услови на недостиг на персонал и висока инфлација.