Кривична пријава и предлог за поведување на дисциплинска постапка за вработен во МВР кој не постапил по правосилна судска одлука.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против лицето Н.Ј. на работно место Началник на Одделение во Министерството за внатрешни работи поради тоа што не постапила по правосилна судска пресуда со која на работник во Министерството за внатрешни работи требало да му престане работниот однос заради поднесена кривична пријава за “Примање поткуп” и “Злосторничко здружување”, односно пресудата не ја доставила до надлежните служби за да биде изготвено решение со кое ќе биде откажан договорот за работа.
Покрај кривичната пријава од страна на одделот поднесен е предлог за поведување на дисциплинска одговорност и изречена е мерка за задолжително отстранување од работното место, до донесување на решението од дисциплинската постапка, напиша на својот ФБ профил министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
извор: ФБ Панче Тошковски