Албански боксер убиен во Германија!

Албанскиот боксер Бесар Нимани беше убиен во саботата вечерта во Билефелд, Германија.

Оваа вест ја соопштија членови на неговото семејство, но и бројни германски медиуми. Тие наведуваат, врз основа на изјави на сведоци, дека 38-годишен маж бил застрелан додека го напуштал ресторанот. Како што пренесува „Билд“, смртта на боксерот била констатирана на лице место.

Според очевидци, одеднаш биле испукани околу десет куршуми.

Германските власти засега не го уапсиле осомничениот. Се наведува дека бил нападнат и во 2013 година.

Да потсетиме, Нимани во својата боксерска кариера се натпреваруваше во супер велтер категорија. Се одиграа 27 натпревари од кои 26 победи и еден пораз. Тој не е активен од 2019 година.

 

telegraf.rs