Најмалку три лица се ранети од огнено оружје во раните утрински часови во Ѓаковица, а во тек е потрага по осомничениот напаѓач.
Портпаролот на полицијата Шеремет Елезај за приштинска Коха изјави дека повредените се испратени во болница и се во стабилна состојба.
Престрелката се случила во кафеана во Ѓаквица околу 00:10 часот.
Истрагата е во тек, а осомничениот се товари за обид за убиство и неовластено поседување оружје.