Оскар 2024: Триумф на „Опенхајмер“, ги освои наградите за најдобар филм, актер и режисер

Во театарот Долби во Холивуд се одржа 96-тото доделување на Оскарите, а „Опенхајмер“ беше целосен триумф. Од 13 номинации, овој филм освои 7 Оскари.

Најважните награди беа оние за најдобар актер (Килијан Марфи), режисер (Кристофер Нолан), најдобра споредна машка улога (Роберт Дауни Џуниор), како и најдобар филм.

Голем број Оскари освои и продукцијата на „Poor Things“ во режија на Јоргос Лантимос. Најважната награда за овој филм секако е за најдобра актерка, која и припадна на Еми Стоун.

 

 

telegraf.rs