Корисниците во Македонија се жалат: Фејсбук и Инстаграм, час работат час не

Инстаграм и Фејсбук паднаа по втор пат за една недела, оставајќи милиони корисници исклучени од нивните сметки.

Многубројните корисници низ Европа, вклучително и оние од Македонија, имаат потешкотии да се логираат на овие социјални мрежи.

Апликациите, управувани од Мета, последен пат беа исклучени речиси три часа на 5 март.

На веб-страницата на Down Detector има илјадници извештаи дека апликациите не работат правилно.

 

извор: 4news.mk