Пронајдено е момчето од Битола по кое се трагаше два дена

-Петар е пронајден, здрав и жив! Ви благодариме на сите што учествувавте во потрагата, напиша Сара на “фејсбук“, од каде беше и апелот за помош да се пронајде Петар Дрогришки од Битола, по кој се трагаше над Битола, на потегот од Смолево до Лавци.

Фотографијата на Петар и апелот за негово пронаоѓање беше објавен на социјалните мрежи вчера, откако тој не се вратил дома 24 часа, а во текот на вчерашниот и денешниот ден потрагата беше организирана од две места.

фото: Социјални мрежи