Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски на прес конференција предмалку објави дека цената на парното во Скопје ќе поскапе за 14,18 проценти.
Бислимовски додаде дека цената за корисниците на железарското греење се зголемува за 15,58%, а за оние приклучени на мрежата на Скопје Север, за 16,31%.
„Единствена причина за зголемувањето на цената на топлинската енергија е драстичното зголемување на цената на природниот гас, којашто е за 10 пати повисока во однос на цената на природниод гас којашто ја имавме во минатиот период“, рече Бисломовски.
фото: Архива