Стоиловски: СДС 7 години не го санира свлечиштето кај Македонска Каменица на патот кон ЕУ

ФБ објава ОК ВМРО ДПМНЕ Македонска Каменица. Објавата ја пренесуваме во целост:

Се наоѓаме на магистралниот пат А3, Штип – Делчево. Ова позади нас е резултат на некадарноста и неспособноста на власта во заминување, предводена од ДУИ и нејзиниот момок СДСМ.

Овој правец, е единствениот кој што во овој регион не поврзува со Европа, односно со нашиот источен сосед Република Бугарија.

Оние кои што зборуваат секојдневно за европски вредности и за добрососедство, не се способни повеќе од 7 години ова свлечиште да го санираат. Доколку овој нанос, би се зголемил и би бил од поголем обем, магистралниот пат повторно би бил затворен. Тоа би значело дополнително време и дополнителни финансиски импликации на жителите од Македонска Каменица кон Кочани и останатите градови.

Никогаш не било полошо во Македонија!

Време е за избор, хаос или ред.

Важно е да ги поразиме.

Овојпат, Македонија знае и ќе избере што е добро!