Петрушевски за носителите на листи: Претседателот Мицкоски направи идеален избор, тоа ќе го потврдат и граѓаните на избори

-Она што морам да го истакнам е дека по вчерашните реакции на јавноста, на луѓето  со кои што комуницирам е дека претседателот Мицкоски има направено идеален избор на носителите на листи. Тоа секако и народот ќе го каже и на избори, но она што како реакција го слушам и гледам преку социјалните мрежи и во комуникација со граѓаните не слушнавме некаква негативна реакција за било кој од кандидатите, Бране Петрушевски, пратеник во своето гостување на радио Лидер.

Тој во врска со носителите на листи говореше и за носителот на изборната единица 2, Владо Мисајловски за кој рече дека Мисајловски е човек со интегритет, со чесност, енергија за дејствување.

-Во мојата изборна единица 2, Владо Мисајловски е потпретседател на партија и човек со кој соработувам од младинските години, човек со интегритет, со чесност што е најбитно во оваа лошо време/невреме, мотиватор, човек кој секогаш има енергија за дејствување и мислам дека еве вака нескромно да кажам дека најголемото изненадување очекуваме да го направиме во изборната единица 2, позитивно се разбира за ВМРО-ДПМНЕ, кажа Петрушевски.

Пратеникот Петрушевски се осврна и на тоа што двајца премиери досега се од СДС, Димитар Ковачевски и Оливер Спасовски и укажа дека од нив граѓаните на Куманово не виделе никаков бенефит.

-Реално доколку ги прашате кумановци што добро виделе од тоа што двајца кумановци биле премиери, ќе ви кажат ништо, нема нешто бомбастично што се случило во Куманово или не знам да привлекле некаква инвестиција, некаков сериозен капитален инфраструктурен проект или да бил решен некаков проблем на Куманово. Така што бенефитот од ова што кумановци биле премиери го имале само они лично, пред се тука мислам на нивните лични сметки и на нивното лично богатење, порача Петрушевски.