Во селото Кедонганан на индонезискиот остров Бали се одржа традиционалното капење на неколку стотици локални жители во кал, ритуал наменет за „бркање на злите духови и на негативната енергија“, известува Анадолу.
Оваа традиционална хиндуистичка локална практика продолжена е пред неколку години, по прекин од речиси 6 децении.
Мажите, жените и децата во традиционални носии се валкаат во калта, по што се упатуваат на блиската плажа за да се искапат верувајќи дека на тој начин ги бркаат лошите духови.
На Бали, каде што живеат најмногу хиндуси, верниците го одбележуваат овој ден во тишина, медитација и пост.
извор:Анадолу.
фото:Анадолу.