Главните африкански фабрики во Брегот на Слоновата Коска и Гана кои преработуваат какао прекинуваат со работа, бидејќи не можат да си дозволат купување на сировата билка во облик на зрно, наведуваат извори од индустријата.
Тоа значи дека чоколадото веројатно ќе поскапи низ целиот свет, а произведувачите веќе ги креваат цените за потрошувачите, пренесува Ројтерс.
Ваквата ситуација е резултат на трите години лоши берби на какаото, а се очекува и четврта во споменатите две африкански земји, кои произведуваат речиси 60 отсто од светските количества на таа билка.
Какаото во минатата година повеќе од двојно поскапе, па произведувачите на чоколадо не можат да си го дозволат и зависат од преработувачите кои можат да ги претворат зрната во путер и ликер, од што можат да прават чоколадо.
Преработувачите истакнуваат дека не можат да ги купуваат зрната поради високата цена.
Како што наведуваат изворите, наскоро би можеле да се затворат уште државни фабрики во Брегот на Слоновата Коска, во која е сместено речиси половина од светското производство на какао.
Повеќето од осумте големи фабрики на вториот голем произведувач Гана, вклучувајќи ја и државната фабрика за преработка, повеќе пати ја прекинуваат работата, од почетокот на сезоната во октомври, пишува Ројтерс.