Повреден млад возач во сообраќајна незгода на патот Прилеп- Битола

0
57

Млад возач е тешко повреден во сообраќајната несреќа која се случила синоќа, еден час по полноч на патот Прилеп – Битола.

Сообраќајката во Министерството за внатрешни работи била пријавена околу 01:05 часот, а полицијата денеска излезе со детали.

Во несреќата учествувале товарно возило „ман “ со битолски регистарски ознаки, управувано од 58-годипниот битолчанец Д.М. и автомобил „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од дваесет годишниот Д.К. од Прилеп.

– Во несреќата возачот Д.К. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Прилеп – информира МВР.

 

По несреќата, увид на местото извршила екипа на СВР Битола.

 

Сообраќајната несреќа е причина за пренасочување на возилата, кои во делот меѓу Прилеп и селото Лагов возат по стариот пат, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Екипи на Јавното претпријатие „Македонија пат“ се на местото на сообраќајката и работат на расчистување на возилата и нормализација на сообраќајот.

 

faktor.mk