(ВИДЕО) Црквата Кркардаш денес најпосетена во Битола по повод празникот 40 Маченици

Денес на првиот ден од пролетта е празникот на светите Четириесет Битолски преподобно-маченици, чиј спомен со генерации се пренесува во народот. Празник кој традиционално го сплотува и соединува сиот народ, на поклонение на местото каде што тие пострадале – белиот камен, каде е подигнат храмот – на Кркардаш.

Свети 40 Севастиски маченици — црква која се наоѓа на Кркардаш во битолскиот Смилевски Баир. Била подигната пред 150 години, на местото каде постоел некогашниот манастир „Свети Атанасиј“. Кога турскиот аскер ја освојувал Битола, калуѓерите од манастирот пружиле жесток отпор борејќи се на тој начин што во едната рака носеле крст а во другата меч. Во чест на овие 40 калуѓери, подигнат е манастирот „Св. 40 маченици“. Славата на ова црквиче е на првиот ден на пролетта. Во близина на манастирот е ЦОУ „Тодор Ангелевски“ – Битола, битолскиот Баир, како и меѓуградскиот стар патен правец Прилеп – Охрид преку Битола.

Црквичето “40 Маченици“ се наоѓа на Бајрот, во месноста позната како Крккардаш. Била подигната пред 150 години, на местото каде постоел некогашниот манастир “Св. Атанасие“.
Легендата за ова црква вели дека кога Османлиите ја освојувале Битола, во 1385, градот пружил голем отпор. Посебно се истакнувале малдите калуѓерите од овој манастир, триесет и девет на број. Тие во едната рака носеле крст, а во другата меч и така го бранеле манастирот. Гледајќи ја нивната храброст и посветеност, нив им се придружил и еден турски војник. Но силниот османлиски аскер ги совладал и сите 40 биле убиени на каменот што и денес се наоѓа кај црквичето. Оттаму месноста на Смилевскиот Баир каде што се наоѓа црквата го носи и името Крккардаш, што значи четриесет браќа (kırk) (kardeş).
Црквичето “40 Маченици“ било реновирано пред 20-тина години, кога била доведена вода и струја. Славата на ова црквиче е на првиот ден на пролетта, на 22 Март и секогаш е масовно посетено од Битолчани.