Извршителката Весна Јакимовска од Кичево, приведена од полицијата

Извршителката Весна Јакимовска од Кичево, која го нападна новинарот Фуркан Салиу, вчера била приведена од полицијата. Според информациите од МВР, додека Јакимовска била на распит во полициската станица нападнала и полициски службеник.

Јакимовска го нападнала полицаецот и го уништила службениот материјал, откако синоќа пред полноќ била приведена од полицијата.

„На 21.03.2024 во 23.20 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишиле од слобода В.Ј.(60) од Скопје. Таа, претходно, на улицата „Трајче Стрезоски“ во Кичево физички го нападнала Ф.С.(33) од Скопје и ја оштетила неговата службена опрема, а потоа во службените простории на ОВР Кичево, каде била повикана на разговор, физички го нападнала полицискиот службеник и го уништила изготвениот службен материјал. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава“, се наведува во полициското соопштение.

fokus.mk