Првиот потпретседател на Владата и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денес присуствуваше на Форумот 100 дена Влада.
Пред поканетите, Груби ги образложи постигнувањата зацртани во Програмата на Владата во првите 100 дена во однос на приоритетите фокусирани на обезбедување сигурност и континуитет во создавањето услови за подобар живот и европска и просперитетна иднина за нашите граѓани.
Во продолжение, ви го пренесуваме во целост обраќањето на првиот потпретседател на Владата, г-дин Груби на Форумот 100 дена Влада:
Почитуван претседател на Владата, почитувани министри, амбасадори, граѓански здруженија, новинари, почитувани граѓани.
За мене клучниот збор на првите 100 дена на оваа влада е стабилност во многу тешки времиња за нашата земја, за регионот, за континентот но и за целиот свет. Граѓаните сакаат влада која е стабилна, има силни партнерства со НАТО, ЕУ, САД и има целосно евро-американски убедувања. Влада која води прогресивна коалиција и одговара на потребите на граѓаните, а не владејачка коалиција предводена од партија која смета дека руската агресија врз Украина е легитимна и праведна.
Не коалиција и Влада која смета дека окупираните територии на Украина треба да се прогласат за независни и да и припаднат на Русија по окупацијата. Не Влада која сака Северна Македонија да излезе од НАТО, да излезе од Европската Унија, да ги прекине односите со Косово со непризнавањето на независноста на Република Косово, да ги прекине односите со Република Албанија, да ги прекине односите со нашиот сосед Грција со кршење Договорот од Преспа, да ги прекине нашите односи со Република Бугарија со укинување на Договорот за добрососедство и да ги прекине односите меѓу Албанците, Македонците, Ромите, Турците, Србите, Власите, Бошњаците и сите граѓани во нашата земја со укинување на Охридскиот мировен договор.
Значи, ова беше предизвикот на оваа Влада и на оваа владејачка коалиција, која всушност беше спречена и беше направен обид ако се сеќавате не повеќе од пред 110 дена да се создаде ова ново проруско мнозинство во нашата Влада што ќе ги поткопа сите достигнувања на оваа земја и затоа велам дека клучниот збор на оваа Влада, на премиерот Ковачевски, на СДСМ, ДУИ, Алтернатива, Либералите и другите партии кои се дел од оваа коалиција е стабилноста. Граѓаните сакаат стабилност и предвидливост.
Не сакаат авантура и не сакаат непредвидливост. Нашата драга земја како гостин ја има вистинската Влада, во вистинско време Влада што ја сакаат самите граѓани. Евро американски, со целосно евроатлантско убедување, во менталитет, во дела, во убедување и во вредности. 100% без ниту едно единствено нагаѓање.
Заедно со оваа Влада, покрај политичката стабилност и нашиот безбеден евро-американски пат, обезбеди и правилно менаџирање со здравствената криза, енергетската криза, ценовната криза, безбедносната и воената криза. Ова е Влада која им е потребна на граѓаните во време на непредвидливост, а не Влада како што реков авантуристичка и со сето ова заеднички успеавме да го одржиме социјалниот мир и да создадеме социјална стабилност во нашата земја. Но да бидам поконкретен цело време исклучиво во овие 100 дена и во претходната Влада беше да се решат сите прашања што заостанаа со децении. Во овие 100 дена заедно со министерот за транспорт, со директорот за патишта сме апсолутно фокусирани на инфраструктурни проекти.
Коридорот 8 ќе се направи и реализира. Завршивме со објавување на огласот за избор на консултант и финансиски советник за реализација на Коридорот 8 со познатата американско-турска компанија Бехтел-Енка, која сите ја знаете и сега веќе сме неколку дена пред изборот на консултантот и веднаш по изборот Во рок од 21 ден треба да завршат преговорите со конзорциумот Бехтел-Енка за изградба на последните автопати кај нас, од Скопје до Ќафасан и од Прилеп до Битола. Верувам и сум целосно убеден дека ако овие два процеси кои треба да завршат за 1 месец – 1 и пол месец ќе бидат успешно завршени. Камен-темелникот на автопатот ќе го поставиме кон средината на јуни или почетокот на јули и ова е најголемото достигнување бидејќи го реализираме најголемиот инфраструктурен проект во историјата на Република Северна Македонија.
Истовремено, покрај Коридорот 8, заедно со министерот за финансии, Дирекцијата за патишта, Министерството за транспорт напорно работиме на доизградба на автопатот Скопје и Блаце и пред 3 недели во Владата ја поминавме информацијата со одредување на трасата на патот и вредноста според проектантите, и во тој случај верувам дека следниот месец ќе се реализира кредитот од Европската банка за обнова и развој и ќе го објавиме тендерот за вторите 10 километри од автопатот Скопје-Блаце, кој треба да биде завршен како процедура на претстојната есен. Истовремено, истата процедура ќе важи и за патниот правец од Кичево до Букочани да се поврзе со Коридорот 8. Ова е приоритет не само за мене, тоа е приоритет на целата Влада и јас сум апсолутно убеден дека на крајот на овој мандат ќе го видиме јасно обележаниот пат од Блацe до Ќафaсан и од Прилеп до Битола, заокружувајќи ги сите проекти за автопати во оваа земја и на овој начин да се помогне на стопанството со реализација на приближно нешто помалку од 2 милијарди евра во период од 3 до 4 години во нашата земја и ова ќе биде голема помош за сите компании во земјата и за стопанството на земјата.
Целосно сум убеден дека нема да има локална компанија која ќе остане без работа во сите овие проекти што ги отвораме. Следната година, штом ќе ги завршиме и потпишеме овие автопати, приоритет ни е пругата од Кичево до селото Лин во Албанија во Поградец и со директорот Локвенец работиме на ажурирање на проектот кој е подготвен и е финансиран од ЕУ и веќе испративме барања до Министерството за финансии за финансирање на оваа пруга. Целта е целосна железничка, енергетска, автопатната реконструкција на Коридорот 8, во целост од Бугарија до Албанија.
Би сакал да упатам и некои политички пораки бидејќи ние сме политичка, а не техничка влада за некои актуелни прашања што ги поставува опозицијата и можеби имате дилеми и од новинарите и граѓаните. ДУИ како учесник во оваа коалиција смета дека предвремените парламентарни избори може да се одржат во април 2024 година заедно со претседателските избори. ДУИ како дел од оваа коалиција силно го поддржува парламентарното мнозинство, владејачката коалиција и ние сме тука да ги реализираме овие проекти. На граѓаните не им треба непредвидливост, на граѓаните не им требаат изборни авантури затоа што тие им требаат само на дестабилизирачките агенди во регионот кои некој друг ги прави како што кажав на почетокот, туку треба општествено одговорна Влада која го слуша граѓанинот и ги реализира овие проекти.