На 17-ти април 1941 година Кралството Југославија капитулира после 10-дневна нерамноправна борба со силите на фашистичка Германија и Италија. Хитлер ја дели територијата на Југославија и подарува нејзини делови на неговите сојузници.
Територијата на Македонија е дадена на администрација на Кралството Бугарија.
Прва работа во Македонија со која се зафатиле бугарските администратори било одстранување на сите споменици направени од Кралството Југославија или нејзините сојузници. Одстранетите бронзени споменици биле носени во Софија, а камените споменици биле едноставно уништувани со експлозив.
Едни од нив се и бронзените коњаници на Антун Аугустинчиќ – Српските кралеви Александар и Петар кои биле поставени на влезот на Камениот Мост во Скопје во 1937 година. Настрана политичкото значење на овие коњаници, од уметничка гледна точка коњаниците биле врвни скулторски уметнички дела. Подоцна после војната , Аугустинчиќ ќе биде професор на првите македонски скулптори, како на пример Проф Томе Серафимовски.
Во Септември 1944 година бугарската Комунистичка Партија на чело со Георги Димитров преку воен удар ја превзема власта во Бугарија. Во тој момент, Бугарија е на погрешната страна од историјата – сојузник на фашистички режим кој рапидно ја губел војната. Бугарија под водство на Димитров ја сменува страната во војната. Објавува војна на Германија и се обидува да воспостави сојузништво и блиски односи со победниците од војната – Тито и Сталин. За таа цел, Димитров го признава Македонскиот Народ и јазик, и дава наредба да ѝ се врати на Македонија нејзиниот најсакан син – Гоце Делчев.
Во Март 1946 година телото на Гоце Делчев заедно со голем дел од неговите писма патува од Софија во Скопје. Но покрај ова, Димитров дава наредба да се направи и подари на Македонија еден велелетен бронзен споменик на Делчев. Задачата за правење на спомениот на Делчев ја добил бугарскиот скулптор од македонско потекло Љубомир Далчев (1902 -2002).
Од уметничка гледна точка, Скулптурата на Делчев е врно уметничко дело. Љубомир Далчев ги топи коњаниците на Аугустинчиќ и со бронзата ја изработува скулпурата на Гоце Делчев . Едно врвно уметничко дело се трасформирало во друго врвно уметничко дело.
Љубомир Далчев е роден во на 27-12-1902 во Солун во семејство на Македонци од Кукуш. Бил дете на образовано семејство, татко му Христо бил правник, мајка му Викторија била од Прилеп , брат му Атанас бил поет а другиот брат Борис бил архитект. Љубомир Далчев во 1926 година дипломирал вајарство на Академијата во Софија ( кај проф Никола Маринов) а потоа го продолжува своето школување на Ликовните академии во Рим ( бил во исти клас со Алберто Џакомети и Сретен Стојановиќ) а потоа и во Париз (кај проф Анри Мез).
Идиличните односи меѓу Македонија (Југославија) и Бугарија се рушат како кула од карти во 1960 тите години одкако Тито ќе се оддалечи од СССР. Се започнува со познатите историски кавги околу Гоце кои трајат до ден денес. Јазот меѓу Бугарија и Македонија станува длабок и останува таков до ден денес.
Во овие нови услови на непријатество меѓу двете соседни земји, во 1979 година Љубомир Далчев заедно со сопругата Ана бегаат од Бугарија во САД (Калифорнија) каде што починува во 2002 година.
Се чини дека Љубомир Далчев е подеднакво „заборавен“ и во Македонија и во Бугарија. Ви ниту една од бугарските книги за неговиот живот и дело не е спомната скулпурата на Гоце Делчев во Скопје, и во ниедна книга не е проучена неговата одлука да избега од Бугарија во САД. И кај македонската страна – крај споменикот на Делчев во Градскиот Парк во Скопје, нема никаква табла за скулпторот. Во Музејот на Современа Уметност во Скопје, постои уште една негова скулптура, но до денес не е објавена ниедна книга за него.
Скултурата на Делчев во гратскиот парк е најубавото јавно уметничко дело во Скопје. Споменикот е стилски кохерентен, одмерен и без патос или патетика, сталожен во наративноста и најдостоинствено го претставува ликот на револуционерот, стамено и длабоко рефлексивно, занатски одлично изведено.
Превземено од Lexicon of foreign painters in Macedonia 1850-1950