Уапсен поранешниот бразилски фудбалер Робињо – поради учество во групно силување на жена

Уапсен е поранешниот бразилски фудбалер Робсон де Соуза, познат како Робињо, кој беше осуден на девет години затвор поради учество во групно силување на жена во Италија, пренесува Анадолу.

Според извештаите на бразилските медиуми, највисокиот суд во земјата го одбил барањето на Робињо за одложување на неговото апсење, одлучувајќи дека одлуката за притвор може да се задржи.

По пресудата федералната полиција го уапсила 40-годишникот во неговиот дом во Сантос.

Де Соуза беше еден од шестемина мажи што беа прогласени за виновни за напад на жена во италијански ноќен клуб во 2013 година додека играше за Милан.

Италијанскиот суд го прогласи фудбалерот за виновен во 2017 година.

Робињо во текот на кариерата настапуваше за врвни тимови, вклучително Реал Мадрид и Манчестер Сити.

Четириесетгодишниот Бразилец настапи и на 100 натпревари за бразилската репрезентација и постигна 28 гола.

извор:Анадолу.

фото: Анадолу.