25 години од почетокот на НАТО бомбардирањето на Сојузна Република Југославија

Во недела, на 24 март, се навршуваат 25 години од почетокот на НАТО бомбардирањето на Сојузна Република Југославија (СРЈ).
Нападот на СР Југославија траеше 11 недели. Според проценките, загинале меѓу 1.200 и 2.500 луѓе.
Акцијата на силите на НАТО започна по неуспешните преговори за решение на кризата во Косово, спроведени во Рамбује и Париз во февруари и март 1999 година.
Тоа беше преземено со цел да се спречи егзодусот на албанското население на Косово, кое беше тероризирано од српските воени и полициски сили, за што повеќето членови на тогашниот државен врв, меѓу кои и Слободан Милошевиќ како претседател на државата, им се судеше пред судот во Хаг.
Во кампањата за воздушни напади учествуваа сили на 19 западни земји, а воздушните акции, кои траеја 78 дена, беа извршени без одобрение на Советот за безбедност на ОН.
Воздушните напади завршија со потпишување на т.н Кумановскиот договор од 9 јуни 1999 година, по што следеше повлекување на армиските и полициските сили од Косово, на чија територија беше формирана цивилната мисија на Обединетите нации (УНМИК).
Според податоците на УНХЦР, 230.000 Срби и Роми го напуштиле Косово од доаѓањето на мировните сили, а 800.000 албански бегалци се вратиле.
slobodnaevropa.mk