Холандија ги повлече од пазарот замрзнатите вишни со потекло од Србија поради надминување на дозволената количина на пестициди, објави европскиот систем за предупредување и известување за храна РАСФФ.
Станува збор за пестицидот диметоат, кој е откриен во количина поголема од дозволената.
Резултатите од анализата на примерокот од 6 март покажаа дека присуството на тој пестицид изнесува 0,044 милиграми на килограм, додека дозволено е 0,01 милиграми на килограм. Контролата ја направи производителот.
Здравствениот ризик е означен на веб-страницата на RASFF како „сериозен“.
Известувањето за повлекување на замрзнатите вишни беше објавено на веб-страницата на РАСФФ пред два дена.