По одлуката да ја напушти коалицијата и да коализира со ВМРО ДПМНЕ, Ангелов вели нема да се буни ако го разрешат

0
46

Иако како што вели би била излишна средбата со Џафери, лидерот на Достоинство и директор на ЦУК Стојанче Ангелов нема да одбие доколку биде повикан.

Потврди дека вчера телефонски разговарале со техничкиот премиер, кој по одлуката на Достоинство да излезе од коалицијата предводена од СДСМ, му најавил дека ќе започне владина постапка за негово разрешување, објави Канал 5.

Ангелов сега одлуката ја остава на Владата и вели дека ќе ја прифати без противење, но сепак, верува дека може и да нема мнозинство меѓу министрите за да биде разрешен. Ова го темели на ставовите на генералниот сектерар на СДСМ Зечевиќ и лидерто Ковачевски, на кои како што вели благовремено му ја соопштил намерата за излегување од колаицијата, но тие биле на став дека во овие моменти, за државата е дорбо да остане на функцијата..

-Како Премиер (Талат Џафери) има право да предлага именување и разрешување на функционери кои ги именува Владата. Конечната одлука ја носи Владата со мнозинството министри што само по себе значи дека, за да биде прифатен предлогот на Премиерот за мое разрешување, поддршка треба да дадат министрите, вклучително и вицепремиерите од СДСМ. Во спротивно ќе нема мнозинство за мое разрешување,- изјави – Стојанче Ангелов – Директор на ЦУК.

На директорското место во ЦУК Ангелов дојде во ноември 2020 и вели дека е задоволен од сработеното. Сепак, нема да жали доколку биде разрешен.

Како причини за повлекување од владината коалиција лидерот на Достоинство ги посочи неисполнетите очекувања за надминување на проблемот со кој сѐ уште се соочуваат необесштетените воени инвалиди и петнаесетина семејства на загинати бранители. Иницијативите на Ангелов иако добивале поддршка од Ковачевски и министерката за одбрана Петровска, не поминале поради противењето на ДУИ. Ангелов најави дека влегува во коалиција со ВМРО ДПМНЕ.

Извор: Канал 5