Во последните години малдиот готвач Чен Шјиаодонг, од градот Фошан во јужната кинеска провинција Гуандонг го откри својот нов талент во изработката на пржени пецива во форма на „Шјинши“ (лав што се буди)- назив за танц на лав.
Чен совршено го вклопува традиционланото кантонско јадење „дим сум“ со локалното нематеријално културно наследство на танцот на лавот. Ваквиот негов фокус се појави за време на неговото седум годнишно обучување на вештини за готвење на учениците во специјализираното средно училиште во областа Шунде во Фошан.
Во 2024 година, годината на змејот во кинескиот традиционален календар, Чен додаде елементи на змеј во своите креации, што резултираше во пржено пециво со тематика на лав и змеј наречено „Лонгши Су“. Тоа не е само вкусно крцкаво пециво туку и креација која ќе ги израдува вашите очи.
Во своите креации на храна, Чен исто така применува елементи на гуочао, растечки тренд на домашен дизајн во Кина. Тој се надева дека во иднина ќе може да им ги пренесе своите вештини на многу повеќе ученици.
извор: ФБ CGTN Македонски