„Фејсбук“ денеска со проблеми – најпозната социјална мрежа преплавена со објави од спам коментари за познати личности

0
333

Корисниците на Фејсбук од утрово пријавуваат проблеми со работењето на најпозната социјална мрежа, а најчеста поплака е што не можат да ги видат вообичаените објави на својот „ѕид“.

Првите проблеми се забележани околу 6:30 часот наутро и се пријавени преку downdetector сајт посветен на следење на ваквите проблеми, објави Телма.

Замерките се дека на newsfeed на ФБ ѕидот на корисниците им се појавуваат постови од непознати со кои тие ги поздравуваат светските музички и спортски ѕвезди како Еминем или Кристијано Роналдо.

Од компанијата засега нема објаснување за проблемот.

извор: Телма.