Татјана Навка (47) – сопругата на Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, објави видео на социјалните мрежи кое наиде на бројни критики, по што го избриша.
Иако е под санкции на Европската Унија, Навка била снимена во Грција на одмор како крши чинии, што е традиционален начин на забава кај нашиот јужен сосед.
Сопругата на Песков го објави видеото на Инстаграм иако оваа социјална мрежа е забранета во Русија, како екстремистички медиум.
По критиките од Европската Унија, Грците рекоа дека Навка не влегла во нивната земја, а подоцна беше откриено дека на еден од грчките острови дошла од турскиот град Ефес, каде што одморала додека била видена на јахта.
Дел од коментарите беа: „Дали вашиот сопруг го снима тоа?“, „Зошто не сте на Крим?“, „Ова е срам за Путин и Русија“.
@JosepBorrellF Josep, what do you think of such a holiday of Russian woman Tatiana Navka, whose husband supports the war in Ukraine and criticizes Europe and European values? By the way, she was sanctioned pic.twitter.com/6ykNqhns1v
— Olena (@Olena_tweet) August 22, 2022
24sata.hr