Медицинска сестра се враќа на порнографијата откако ја напуштила работата во 2008 година

0
105

Повеќе од 15 години откако ја напушти кариерата во забавата за возрасни за да стане медицинска сестра, Сејди Самерс се врати пред камерата – и едвај чека да продолжи со стариот живот. На нејзината одлука влијаел и сопругот.

Снимаше 70 филмови пред да ја напушти индустријата во 2008 година. Таа работеше неколку сезони на скијачките патеки во Вистлер, Британска Колумбија, пред да одлучи да се упати на училиште за медицински сестри.

– Сакав да си докажам дека можам да добијам диплома. Долго време работев како медицинска сестра. Сè уште сум лиценцирана и сè уште работам повремено затоа што ми се допаѓа – вели таа.

– Правењето порнографија е најдобрата работа на светот – воодушевено вели оваа 38-годишна девојка во интервју за „Њујорк пост“ и додава:

– Никогаш не сум се срамелa од мојата сексуалност.

 

telegraf.rs