Најмалку 15 повредени во тематскиот парк Универзал Студиос во Лос Анџелес

0
32

Во трамвајска несреќа што синоќа се случи во тематскиот парк Универзал Студиос Холивуд во Лос Анџелес повредени се 15 лица, соопштија американските власти и компанијата, пренесува Анадолу.

Противпожарните тимови на Лос Анџелес синоќа се упатиле во тематскиот парк нешто по 21 часот по локално време, се наведува во објавите на социјалните мрежи.

Повредените што се префрлени во локалните болници се здобиле со полесни повреди.

Засега нема информации за причината на несреќата. Американските безбедносни сили започнале истрага за случајот.

извор:Анадолу.
фото:Анадолу.