Ковачевски: Разговорите со АА продолжуваат, доколку се усогласиме по клучните принципи можно е проширување на владиното мнозинство

0
225

Премиерот Димитар Ковачевски денеска истакна дека одговорот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети во однос на евентуален влез на Алијанса на Албанците (АА) во ДУИ не се разликува од неговиот одговор, „од причина што јас кажав дека со АА разговарав за европската иднина на државата и сите одлуки кои што треба да се носат“.

-Нашата владина коалиција е отворена за сите политички партии кои што ја делат таа визија и дека разговаравме за сите закони и реформи кои се однесуваат на владеењето на правото, борбата против криминалот и корупцијата и антикризните мерки. Не сме разговарале за ресори и преземеање на одговорност во одредени ресори. Разговорите ќе продолжат и доколку се усогласиме комплетно на овие основни принципи за иднината на државата, сметам дека во иднина може да се случи проширување на владиното мнозинство, рече Ковачевски како одговор на новинарско прашаање.

Тој додаде дека во секои преговори, секој од учесниците има свои претпоставки врз однос на кои постапува.

-Има минимум услови кои треба да бидат исполнети. Кога ќе ги продолжиме разговорите, тогаш можеме да кажеме, наведе премиерот.

фото: Архива