(ВИДЕО) Најмалку 20 загинати во силен земјотрес што ја погоди Индонезија

0
172

Најмалку 20 лица загинаа, а повеќе од 300 се повредени во земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала што денеска ја потресе провинцијата Западна Јава во Индонезија, пренесува Ројтерс.

Како што пренесуваат локалните агенции, епицентарот на потресот бил на околу 75 километри југоисточно од главниот град Џакарта, на длабочина од 10 километри. Потенцијална опасност од појава на цунами, не се очекува.

Властите стравуваат дека бројот на загинати би можел да се зголемува, бидејќи дел од хоспитализираните лица имаат посериозни повреди.

извор: Ројтерс