Патничкиот воз од Скопје до Битола патуваше вчера 10 часа, поради блокирана пруга

Патничкиот воз кој од Скопје вчера попладне тргнал во 14.30 часот кон Битола, пристигна на својата крајна дестинација синоќа 30 минути по полноќ. Патувал цели 10 часа бидејќи бил запрен на железничката станица во Богомила.

Причина била расипана локомотива на товарен воз во близина на село Слепче, поради што пругата била блокирана. Расипаната локомотива била повлечена од друга во 21.50 часот, кога и патничиот воз од Богомила продолжил кон Битола.

Патниците од преполниот патнички воз со три вагони, вчера реагираа на социјалните мрежи поради долгото чекање на станицата во Богомила.

tv21.com