(ФОТО) Кај кичевската населба Горица се запали гнездо од штркови

Штрково гнездо се запали на далеководот на кичевската населба Горица, потточно на ул. Кленоечка.

Екипите на ТППЕ се на терен, додека напонот за да се интервенира бил изгаснат.

ОВР Кичево исто така се на терен и се запознати со случајот во координација со надлежните

Исто така од ЕВН информираат дека поради прекин на напонот за стивнување на пожарот регионот према с.Вранештица, Цер, Лисичани, Ореоец, Козичино, Дупјани, Воени магацини Орланци, Челопеци, Староец, Карбуница периодично нема електрична енергија.

 

porta3.mk