Малави прогласи состојба на катастрофа поради големата суша

0
43

Источноафриканската земја Малави прогласи состојба на катастрофа поради големата суша што зафати голем дел од земјата.

Претседателот на Малави, Лазарус Чаквера побарал повеќе од 200 милиони долари хуманитарна помош, јавува Би-би-си.

Потегот на Малави доаѓа помалку од еден месец откако соседна Замбија направи сличен потег.

Зимбабве, исто така, објави дека голем дел од посевите во земјата се уништени.

Светската програма за храна на Обединетите нации објави дека неколку земји во Африка се на работ на криза со храна поради сушата предизвикана од влијанието на климатскиот феномен Ел Нињо.

 

telegraf.rs