За време на Вечерната служба пред Неделата на Света Марија Египетска, на 20 април оваа година, десет искушенички во Уганда направија уште еден чекор во посветувањето на својот живот во монашко служењето на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.
Откако со години се трудеа како искушенички во најстариот манастир во Уганда, посветен на преподобната Мајка Марија Египетска, тие примија монашки потстриг од Митрополитот Кампаласки г. Јероним, од Александриската Патријаршија.
Неделата беше отслужена Архијерејска Божествена Литургија и се прославија и патрониот празник на манастирот и новото постигнување на манастирот кој сега може да се пофали со дванаесет монахињи.
Со евхаристиската служба началствуваше Епископот на Џинџа г. Силвестер, во сослужение со титуларниот Митрополит Созуски г. Инокентиј, Епископот Гулуски г. Нектариј и Митрополитот Јероним, како и архимандритот Продромос, игуменот на машкиот манастир Света Петка во Митрополијата на Кампала и голем број свештеници од околните парохии.
Игуменијата Марија (Мубиру) изрази благодарност за огромната љубов и поддршката што архијереите му ги даваа на манастирот низ годините и побара од нив да продолжат да ги водат во сите напори.
Манастирот Света Марија Египетска е основан во раните 2000-ти во црквата Свето Преображение во Дегеја, со поддршка и духовни благослови на блаженоупокоениот Митрополитот Јона Лванга. Манастирот подоцна се пресели во попространата парохија на Свети Антониј Велики во селото Монде, 35 милји северно од градот Кампала, во областа Луверо, за да започне со сестрите кои беа искушенички во манастирот Хрисопиги на Крит.
liturgija.mk