Метеоролошкиот феномен “ЕЛ НИЊО” кој го имавме во текот на целата зима заминува, што значи дека во април земјата влегува во една неутрална фаза, со што веќе од Мај на земјата започнува да влијае ладната “ЛА НИЊА”. Значителното влијание на “ЛА НИЊА” ќе го почувствуваме према крајот на летото.
Токму ова буди значителна надеж дека следната зима ќе биде многу поразлична од изминатава и со повеќе снег кај нас, но и во регионот, како и во Европа.
Сепак и покрај ова, влијанието на “ЛА НИЊА” во текот на оваа пролет ќе биде сеуште мало па така очекуваме една натпросечно топла пролет, но како ќе се загрева Атмосферата, и тоа поради се повисоките температури на воздухот, така ќе се создаваат се поголеми услови за појава на нестабилни Атмосферски процеси, односно грмотевични облаци и временски непогоди.
За летото сеуште е рано да говориме какво ќе биде и какви температури не очекуваат, пишува во најновата објава метеопрогнозерот Славчо Попоски.