Велигден е празник кој е длабоко вкоренет и почитуван меѓу христијаните, дел од традицијата на многу семејства.
Славењето на овој голем празник е темелот на верата и не учи на тоа дека доброто секогаш го победува злото. Целта и смислата на животот се исцрпува во живеењето во согласност со нашите заеднички христијански традиции и вредности, со безусловна љубов за Бога и за секој човек. Тоа е патот кон душевен и меѓучовечки мир и разбирање, пат на меѓусебно почитување, помагање и добрина.
Со добра мисла и спокој на овој ден да посакаме здравје и среќа за блиските, сила и благослов за слабите и немоќните.
Ви посакувам блажени празнични денови, спокој и бериќет на Вас и сите верници!
Нека е за многу години големиот празник !
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА !