Професорката Татијана Алексиќ во петокот информираше дека починал Марко Здравевски, поранешен ученик на скопската гимназија „Корчагин“, кој по лекување во Париз ја загуби битката со опасниот канцер.
Во својата објава Алексиќ пренесува обраќање на Марко кон своите соученици кои организираа хуманитарен концерт за него и цитира негови зборови кои покажуваат колку бил тој силен иако се соочувал со својата смрт.
Неговата храброст да се соочи со смртоносната болест сите ќе ја паметиме. Тоа кротко момче со полунасмеано лице, ретко креваше рака на час, но знаеше да одговори кога ќе го прашаш. Знаеше и сега дека е во стапица. Знаевме сите, но сакавме последните дваесетина месеци да ја почуствува љубовта, не само на родителите, роднини и пријатели, туку и од учениците на СУГС Раде Јовчевски – Корчагин.
Неговите некогашни соученици останаа крај него во Париз, до последен здив… Ками, Бојан, Ангела, Борјан, Стефан и Гоце, му беа морална и физичка поддршка, му даваа храброст и покажаа зрелост.
newzz24live.com