Северина со енергичен концерт и атрактивен стајлинг во Скопје порача „Чувајте ја Македонија“

Хрватската музичка ѕвезда изгледаше фантастично во атрактивен аутфит од кој сподели фотографии направени пред да се појави пред македонската публика.

Одушевена од енергијата и емоциите на настапот, 51-годишната пејачка објави и кратки видеа на социјалните мрежи. Целата публика пее заедно со неа.

„Синоќа беше неописливо, можев да ја претрчам цела Македонија без да се заморам. Поради вас. Синоќа, пред најмузикалната публика, пред некои среќни очи, пред публика која е помлада од моите песни, а и оние кои ги паметам од концертот. Каква ноќ, каков концерт, какво чувство… Ви благодарам од срце, коски, душа, пот и крв. Засекогаш ми сте како невидлива тетоважа врежана во кожата. И да… Чувајте ја Македонија“ – напиша Северина.

 

 

femina.mk